Македонското дуо му донесе нов триумф на Валјадолид

Димитар Димитриоски и Дарко Димитриевски го водеа шпанскиот Валјадолид во победата над Чисне од 35-31 во натпревар од 12. коло во во Асобал лигата.

Димитриоски беше прв стрелец на натпреварот и го заврши со седум гола од осум обиди, додека Димитриевски имаше шест од шест. Серијата без пораз продолжи и на четвртиот натпревар по ред, што е доволна за деветто место во шампионатот.

 

Се вчитува...