Македонското МНР со реакција: Осуда за говорот на омраза на вчерашниот натпревар

После вчерашниот натпревар меѓу Македонија и Бугарија, се огласи Министерството за надворешни работи, кое ги осуди свирежите и скандирањата против Бугарите на вчерашниот меч.

Од Македонското МНР велат дека спортските настани треба да претставуваат највисок израз на принципите на фер однос, и дека двете земји и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи.

„Министерството за надворешни работи упатува јавна реакција и осуда за вчерашниот израз на говорот на омраза што можеше да забележи во текот на фудбалскиот натпревар меѓу репрезентациите на Северна Македонија и Бугарија. Спортските настани претставуваат највисокиот израз на принципите на фер однос, меѓусебна почит и натпревар во спортски дух. Злоупотребата на овие настани за ширење на омраза и нетрпеливост претставуваат суштинска спротивност на нивната основна замисла. Северна Македонија и Бугарија и во иднина ќе продолжат активно да работат на унапредување на меѓусебните односи, како земји сојузнички во НАТО, идни партнери во Европската Унија, и пред се’, добри соседи.“, се вели во реакцијата на МНР.

Се вчитува...