Македонското знаме се развиори во Пекинг… Македонија по осми пат на ЗОИ

Македонското знаме од рацете на алпскиот скијач Дардан Дехари се развиори во Пекинг, Кина на церемонијата на свеченото отворање на 24. Зимски олимписки игри. Македонија по осми пат учествува на ЗОИ, по она наше деби во Лилехамер 1994 година. Дехари на церемонијата се појави само со својот тренер Антонио Ристовски, бидејќи Ставре Јада и Ана Цветановска поради контакт со нивниот трнер Борче Јовановски кој е ковид позитивен се во изолација.

Македонија ќе ја претставуваат тројца олимпијци на игрите во Пекинг. Ана Цветановска – Крос кантри – тренер Борче Јовановски – дисциплини 7,5 км слободно плус 7,5 км скијатлон и 10 км класично (настап на 5 и 10 Февруари),  Дардан Дехари – Слалом и Велеслалом – тренер Антонио Ристевски (настап на 13 и 16 Февруари), Ставре Јада – Крос кантри – тренер Борче Јовановски / дисциплини Спринт слободно 1,5 км и 50 км слободно (8 и 19 Февруари).

Пекинг е првиот град во историјата кој бил домаќин и на Летни и на Зимски олимписки игри. Директор на церемонијата на отворање на Олимписките игри и во 2008 и сега во 2022 година е Џанг Јиму, кој ги осмисли и двете церемонии. Во 2008 година, најдобриот кинески гимнастичар, Ли Нинг (три златни олимписки медали) „леташе низ воздухот“, се до покривот на стадионот каде што го запали олимпискиот факел.

Се вчитува...