Македонците веќе го „окупираа“ центарот на Палермо (ВИДЕО)

Македонските навивачи во голема бројка веќе се групираат во Палермо пред утрешниот историски натпревар со Италија во баражот за пласман на СП 2022.

Центарот на Палермо во делот околу далеку препознатливиот „Масимо театер“ е веќе вечерва во црвено-жолтите бои, потсетувајќи на Букурешт од јуни минатата година.

На утрешниот дуел со Италија се очекува околу 1.500 македонски навивачи да ги бодрат македонските репрезентативци во обидот да дојдат до историски успех против актуелниот европски шампион.

Се вчитува...