Методи Максимов во првиот негов официјален натпревар оваа сезона за штипска Брегалница, покажа дека ќе биде одлично засилување за штипската чета и секако важна алка во мозаикот на тренерот Кузманов.
Во недела штипјани ги чека пресметката со Шкендија во Скопје…
„Шкендија е одлична екипа, го имаат можеби најдобриот тим во лигата. Јас поминав прекрасни година и половина во Тетово, за екипата можам да кажам само суперлативи, големи професионалци, тоа беше многу значаен период во мојата кариера и многу ми помогнаа за мојот интернационален трансфер“ – вели Максимов и дополнува:
„Во недела очекувам исклучително тежок натпревар, можеби мала олеснителна околност за нас е фактот дека во меѓувреме тие настапуваат во Конференциската Лига и имаат вечерва тежок натпревар против Хиберниан од Шкотска. Кај нас владее одлична атмосфера, соблекувалната ја краси единство, позитива другарство и одлична атмосфера. Тоа за нас е голем плус за секој натпревар, вклучително и овој“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА
