Малдини губи надеж, Ибрахимовиќ се подалеку од Милан

Трансферот на Златан Ибрахимовиќ во Милан не е завршена работа како што тврдат италијанските медиуми. Напротив, Паоло Малдини тврди дека трансферот не само што не е договорен, туку шансите за негова реализација од ден на ден стануваат се помали.

„Не е тајна дека го сакаме Ибрахимовиќ, тој е една од опциите за нападот, но исто така разгледуваме и други фудбалери. Го баравме Златан, но како што минува времето, така станува се потешко да се договориме. Да не заборавиме дека тој нема играно фудбал уште од 28 октомври“, изјави Малдини.

Доколку и Милан се повлече, тогаш Наполи ќе остане како огромен фаворит во трката за ангажман на врвниот голгетер.

Се вчитува...