Малдини скока од радост по победничкиот гол на Милан против Аталанта (ВИДЕО)

Милан славеше со 2-0 против Аталанта во претпоследното 37. коло сезонава во италијанската Серија А. Стрелци на головите за „росонерите“ во второто полувреме беа Рафаел Леао и Теофило Хернандез.

Токму при постигнување на вториот погодок, спортскиот директор на клубот, легендарниот Паоло Малдини го прослави на неверојатен начин, откако почна да скока на трибините на „Сан Сиро“.

Во последното коло на Милан му е потребно барем реми на гостувањето кај Сасуоло за освојување на титулата во Серија А.

 

Се вчитува...