Малер: Барди влезе и по две и пол минути доби црвен картон

Енис Барди нема по добро да го памети денешниотт натпревар меѓу Коњаспор и Кочаели на кој македонскиот капитен заработи црвен картон по само две и пол минути игра колку што мина на теренот.

Барди не беше стартер во таборот на Коња, но при водство од 1-0 домашниот тренер реши да го уфрли нашиот интернационалец за да воспостави контрола на средината од теренот.

За жал, се случи токму спротивното, па Барди со еден несмасен старт фаулираше противнички фудбалер, за што му беше покажан директен црвен картон.

Вистинска штета, ако се знае дека сега ќе следи суспензија поради која Барди нема да биде во натпреварувачки ритам во пресрет на новото издание на Лигата на Нации со македонската репрезентација.

Се вчитува...