Малер како Реал не се памети – се повреди и третиот центар

Реал Мадрид целосно ја надигра Валенсија и заслужено се најде во финалето на Евролигата, но шансите за успех во пресметката со Олимпијакос се минимални по најновиот малер што ги снајде „кралевите“.

За потсетување, Реал допатува во Атина без да може да смета на првиот центар Валтер Тавареш, но и на неговата резерва Алекс Лен. Единствена опција на Скариоло на центарската позиција беше Гаруба, па затоа „кралевите“ беа во шок кога шпанскиот репрезентативец се пожали на тешка повреда на почетокот од четвртата четвртина и со помош на лекарскиот тим мораше да биде изнесен кон клупата, а потоа и кон соблекувалните.

Реал практично е без висок кошаркар за големото финале, па Скариоло ќе мора да експериментира со Лајлс, кој е крило или по потреба максимум крилен центар. Од повисоките кошаркари тука се само уште Хезоња, Дек и Океке, ниту еден од нив ниту блиску до центар. Само за потсетување, Олимпијакос го има најсилниот центарски тим во Европа, составен од Милутинов, Хол и од Тајрик Џонс.

Се вчитува...