Малер: Младеновски заработи скршеница – крај на сезоната

Македонскиот кошаркарски репрезентативец Љубомир Младеновски го очекува пауза од терените, поради која центарот нема да може да настапува за тимот на Илирија до крајот од оваа натпреварувачка сезона.

Младеновски имаше серија добри игри во словенечкиот шампионат, во својата прва интернационална сезона во кариерата, покажувајќи огромен потенција, но за жал последниот меч со Шенчур се покажа кобен за Македонецот. Младеновски поради повреда мораше да го напушти теренот уште во првото полувреме, а деталните прегледи покажале дека станува збор за скршеница на раката.

Ова ќе значи пауза од најмалку еден месец, па Младеновски нема да може да им помогне на соиграчите во завршните натпревари од оваа сезона.

Перспективниот центар претходните години ги мина греејќи ја клупата на МЗТ Скопје, па останува да се види дали по оваа добра сезона во Словенија ќе се реши да се врати назад во мак-баскетот или ќе прифати нов интернационален предизвик.

Се вчитува...