Малер за Баерн: Рибери го пропушта првиот дуел со Арсенал во ЛШ

Баерн Минхен ќе биде значително ослабен на првиот дуел од осминафиналето на Лигата на шампионите против Арсенал, кој ќе се одигра на 15. февруари на „Алијанц арена“. Тренерот Карло Анчелоти дефинитивно ќе го нема на располагање францускиот интернационалец Франк Рибери, кој заработи повреда на бутниот мускул.

Тој сигурно ќе го пропушти првиот натпревар, а лекарскиот тим, според најавите од Баерн Минхен, ќе направи максимални напори за да ги оспособи за реваншот, кој е на програмата на 7. март.

Се вчитува...