Малезиски султан за пола милијарда евра ја купува Валенсија

Престолонаследникот на Јохор, една од 13 држави во Малезија, Султанот Ибрахим, ја купува шпанска Валенсија.

Веќе извесен период Валенсија се наоѓа во тешка ситуација. Седум години е под владение на сингапурскиот милијардер Петер Лим, но ситуацијата во последно време е надвор од контрола. Поради нелегални трансфери, Валенсија е под истрага на ФИФА и УЕФА, соочувајќи се со сериозни финансиски проблеми.

Поради тоа Султан Ибрахим е подготвен да вложи големи пари за да ја запре неколкугодишната агонија на клубот.

Според шпанските медиуми, Лим, кој е во добри односи со султанот е подготвен да го продаде клубот за 488 милиони евра.

Се вчитува...