Малинков во следната сезона ќе го предводи Гостивар

Љупчо Малинков од следната сезона повторно ќе биде дел од македонската прволигашката кошарка откако денеска ја официјализира соработака со Гостивар. На западот на Македонија искусниот стратег доаѓа од редовите на Приштина, а тоа за него ќе биде трет клуб во мак-баскетот по Фени Индустри и Пелистер.

Гостивар оваа сезона беше на добар пат да избори место во разигрувањето за титула, но не успеа да слави во одлучувачкиот натпревар во последното коло од Суперлигата против ТФТ.

Како потсетување, „сино-белите“ во текот на сезоната поради повреда останаа без услугите на Ијасу Ворку, а американските засилувања не успеаја во целост да го надоместат остсуството на нивниот сонародник.

Се вчитува...