Малку фудбал, малку „ватерполо“ – потоп на Шкендија во Салцбург (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Шкендија не успеа во желбите да стигне до позитивен резултат на првиот натпревар против Салцбург, губејќи на гостувањето во Австрија со 3-0.

Во првото полувреме перфектни услови и две одлични ситуации за македонскиот првак, во вториот дел бура на стадионот, потоп на теренот со вештачка трева, на неколку минути и без струја на стадионот…

Кога се ќе се собере и одземе, противникот беше подобар, но тетовци со прикажаната игра заслужија да постигнат барем еден погодок, со оглед на шансите што ги создадоа. Вака, останува само надежта дека во Скопје ќе биде подобро.

 

Се вчитува...