Малус ги собра наградите – МВП и најдобар стрелец на Купот

Јака Малус продолжи со одличните игри што ги прикажува од стартот на сезонава, па словенечкито бек заедно со куп-трофејот се закити и со две индивидуални награди.

Toј со осум погодоци беше најефикасен во големото финале, Малус воедно беше и најдобар стрелец на овој завршен турнир во Струмица, а за беспрекорните два натпревари Словенецот апсолутно заслужено стигна и до МВП-трофејот.

Иако Валах бранеше одлично и беше меѓу клучните фактори за триумфот на Вардар, сепак наградата за најдобар голман заврши во рацете на Кристијан Пилиповиќ од РК Охрид.

Се вчитува...