Контроверзниот Здравко Мамиќ и се обрати на јавноста прв пат откако на 22. август беше ранет крај Томиславград.
Мамиќ објави и први фотографии од прострелните рани…
„Среќен од многубројните пораки со поддршка кои секој ден ги добивам би сакал да се заблагодарам на моето семејство на чело со сопругата која беше на пола метро од мене во време на обидот за убиство. Благодарност и за моите роднини кои доживеаја огромен страв на местото каде почина мојот татко и каде заедно се собираме секоја година да се поклониме во негова чест. Да се заблагодарам и на медицинските лица од Томиславград, посебно на воената лекарска единица на чело со доктор Владо Табак кој, благодарение на искуството од војната со такви повреди, подготвено ме дочека и направи извонредна работа со што ми овозможи брзо опоравување… Покрај сите други сакам да им се заблагодарам и на сите искрени динамовци за поддршката. Вашата поддршка е причина поради која вреди да се борам да се вратам уште подобар и посилен“ – вели Мамиќ во обраќањето до јавноста.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА