Мамиќ импресиониран од „Македонецот“ Костов: Тој бисерот на Црвена Звезда, ќе им донесе многу пари

Црвена Звезда синоќа со убедливиот триумф над Партизан од 3-0, ја обезбеди шампионската титула во Србија.

Вечното дерби одигран на „Рајко Митиќ“, го добија домашните, а дербито го следеше и легендарниот екс претседател на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ кој после натпреварот за „Спортињо“ кажа дека е импресиониран од двајца млади играчи на Црвена Звезда, меѓу кои и Василије Костов кој има македонско потекло.

„Ги триев очите кога го гледав малиот Авиќ. Колку одговорно играше. Исто така морам да го пофалам и Костов. Тој сигурно ќе биде еден од најголемите излезни трансфери ова лето. Мислам дека двајцата ќе и донесат на Звезда заработка од 50 милиони евра. Црвена Звезда ја подигна границата, сега е таа како Динамо некогаш и ги научи купувачите дека нејзиниот ‘бутик’ е скап. И јас им честитам“, рече Мамиќ.

Се вчитува...