Мамиќ му кажа збогум на фудбалот: По смртта на Чиро сфатив …

Контроверзниот хрватски бизнисмен Здравко Мамиќ кој во моментов е во бекство и живее во Босна и Херцеговина порача дека се простува од фудбалот и неговиот омилен клуб Динамо Загреб.

Тој вели дека по смртта на легендарниот тренер Чиро Блажевиќ сфатил дека е доволно…

„Се простувам од Динамо Загреб и хрватскиот фудбал. Да не беше смртта на Чиро Блажевиќ веќе ќе одржев пресконференција и ќе се збогував и официјално. Во емотивна смисла никогаш нема да се откажам од Динамо, бидејќи тоа е мојот живот, но што се однесува до моето работење и учествување во било какво управување со тимот, тоа е апсолутна прошлост. Најмногу во животот ме потресе смртта на Чиро, иако и мојот татко почина“, изјави Мамиќ. 

Се вчитува...