Мамиќ продаде „бисер“ во Рома за осум милиони евра

Динамо Загреб повторно одлично ќе заработи од продажба на свој суперталентиран фудбалер откако го договори трансферот на Анте Чориќ во Рома за осум милиони евра. Овој 20-годишен плејмејкер веќе пристигна во Рим и се очекува во текот на утрешниот ден да ги мине лекарските прегледи, по што и хрватскиот првак дефинитивно ќе даде зелено светло за негов трансфер.

„Зборуваме за сума од околу осум милиони евра. Се ќе биде јасно за неколку дена, не можам да кажам ништо конкретно“ – изјави спортскиот директор на Динамо, Томислав Светина.

Според хрватските медиуми, нема сомнеж дека трансферот ќе се реализира, а се разговара само околу деталите на исплатата, бидејќи Динамо инсистира на седум милиони евра при самиот трансфер, со уште еден милион што би бил исплатен преку неколку клаузули.

Што се однесува до Чориќ, 20-годишниот играч за врска ќе потпише петгодишен договор за плата од два милиони евра по сезона.

Се вчитува...