Мамиќ во свој стил: Динамо повторно им донесе заработка на другите клубови, едно „благодарам“ е доволно

Динамо Загреб со победата над Бодо, избори пласман во групната фаза во Лигата на шампионите, и осмипат ќе игра со најдобрите европски екипи. Хрватскиот првак ќе игра против Челси, Милан и Салцбург.

Освен што за себе заработи 20 милиони евра, на секој хрватски клуб донесе заработка од 500.000 евра. Сево ова го коментираше и Здравко Мамиќ, некогашниот претседател на „модрите“ кој е осуден и во моментов е во БИХ.

„Динамо веќе со децении на грб го носи целиот хрватски фудбал. Оваа година како најголем спонзор на хрватскиот фудбал, кој ништо не бара за возврат, им донесе приход на другите екипи три пати поголем отколку што самите клубови може да заработат, повеќе од 33 милиони куни. „Благодарам Динамо“ би било доволно“, напиша Мамиќ на „Фејсбук“.

Се вчитува...