Мамиќ во одбрана на Новак: Кретени, Ѓоковиќ е свето презиме!

Првиот човек на Динамо Загреб, Здравко Мамиќ, цврсто застана во одбрана на Новак Ѓоковиќ, нарекувајќи ги „кретени“ сите оние кои го критикуваат и навредуваат српскиот тенисер поради слабата организација на „Адрија Тур“, турнирот при кој од коронавирус се заразија, Ѓоковиќ, Димитров, Чориќ, но и десетици други лица кои беа во контакт со нив.

„Сакам да напишам подолг пост на оваа тема, но се откажав за да не им дозволам на оние кретени кои се изживуваат со тоа свети презиме, затоа што некој може да го искористи и во судскиот случај против мене. Сепак, им порачувам на сите оние кои зборуваат негативно за Господинот Ѓоковиќ и за неговото семејство најпрвин добро да ја измијат и дезинфицираат својата уста. Затоа што она што семејството Ѓоковиќ и тој самиот го постигнаа во спортот, но и на хуманитарен план, заслужува сите да застанат во „став мирно“ кога ќе го изговараат неговото име“, порача Мамиќ.

Новак Ѓоковиќ и неговата сопруга Јелена беа позитивни на коронавирусот на тестирањето што врз нив беше направено по враќањето од Задар. Сепак, минатата недела новите тестови беа негативни, покажувајќи дека најдобриот светски тенисер успешно ја добил битката со коронавирусот.

Се вчитува...