Манасков демантираше дека преминува во Динамо Букурешт!

Македонскиот ракометен интернационалец, Дејан Манасков ги демантираше информациите кои дојдоа од Романија, дека тој следната сезона ќе го засили Динамо Букурешт.

Крилото на репрезентацијата моментално се опоравува од тешката повреда, а на крајот на сезоната го напушта унгарскиот Веспрем од кој беше дел минатите пет години. Се уште не се знае каде ќе ја продолжи кариерата, но како што напиша на социјалните мрежи тоа нема да биде Романија.

Пред унгарскиот Веспрем, нашето крило настапуваше и за Рајн Некар Левен, Вецлар, Вардар и Металург.

Се вчитува...