Манасков и Штербик тргнаа заедно во Веспрем

Заврши летниот одмор и за Дејан Манасков, кој официјално ги почна подготовките за новата сезона со тимот на Веспрем. Унгарскиот гигант лани имаше разочарувачки резултати, остана без домашната титула, а во ЛШ не стигна ниту до Ф4 турнирот во Келн, што беше само причина за уште поголемо засилување на играчкиот кадар.

А најголемо засилување од сите дефинитивно ќе биде Арпад Штербик, голманот кој пред две сезони му ја донесе европската круна на Вардар, а сега ќе се обиде истото да го стори и со Веспрем.

Вообичаено, ракометарите најпрвин ги минаа лекарските прегледи, по што ќе следат „физички подготовки“, за пред стартот на сезоната акцент да се стави на тактичките замисли на тренерот Врањеш.

Се вчитува...