Манасков и Талески останаа без меч во Дортмунд: Повеќе среќа следниот пат!

Македонските ракометари Дејан Манасков и Филип Талески се дел од бројните спортски ѕвезди кои вечерва останаа без можност да го проследат на лице место четвртфиналниот натпревар од Лигата на европските шампиони меѓу Борусија Дортмунд и Монако.

Манасков и Талески, кои се членови на германскиот шампион Рајн Некар Левен, иако подготвени за четвртфиналната фудбалска пресметка немаа среќа да ужуваат на „Сигнал Идуна парк“, откако мечот поради експлозијата е одложен за утре.

„Повеќе среќа следниот пат“ – напиша Манасков на својот Инстаграм профил, објавувајќи заедничка фотографија со Талески.

Билетите за мечот од ЛШ остануваат во важност и за утре, но двајцата Македонци нема да бидат во можност да го следат дуелот меѓу Борусија и Монако затоа што играат натпревар од Бундеслигата против Гумерсбах.

Се вчитува...