Манасков и Веспрем конечно убедливи во ЛШ

Веспрем покажа знаци на излез од кризата откако унгарскиот гигант вечерва лесно и рутински го совлада Кристијанштад со 36-27. Седум дена откако неочекувано загуби од истиот ривал на гостувањето во Шведска, овојпат тимот предводен од Давид Дејвис доминираше од почеток до крај, не дозволувајќи ново разочарување пред своите гледачи.

Победникот беше решен уште во првото полувреме што тимот на Дејан Манасков го доби со 20-14, по што Веспрем продолжи да доминира и во вторите 30 минути, се ддо триумфот изразен со конечни девет гола разлика.

Македонскиот репрезентативец настапи во второто полувреме и го заврши мечот со три погодоци, а најефикасни кај Веспрем беа Тонесен со осум и Мае со четири постигнати гола.

Се вчитува...