Манасков најефикасен, Веспрем конечно победи

Веспрем конечно ја прекина серијата слаби игри, па по двата порази во низа во унгарскиот шампионат вечерва славеше со 22-29 на гостувањето против Мезоковезди.

Разочарани по поразот од Рај Некар-Левен во Лигата на шампионите, членовите на унгарскиот гигант сепак најдоа сили да одиграат квалитетен натпревар и да ги освојат бодовите. Во главна улога беше македонскиот репрезентативец Дејан Манасков, кој го заврши натпреварот со седум постигнати погодоци, пет од нив од пенал.

Веспрем и покрај победата заостанува осум бода зад лидерот Пик Сегед, кој има перфектен старт на сезоната, со тоа што тимот на Манасков има и два натпревари помалку од големиот ривал.

Се вчитува...