Манасков пресреќен: По 202 дена, конечно – СЕ ВРАТИВ

Дејан Манасков има причина за задоволство откако по нецели седум месеци македонскиот репрезентативец го имаше својот камбек на ракометните терени, настапувајќи за Веспрем на првиот четвртфинален меч од ЛШ против Алборг.

Манасков успеа да постигне и еден гол при својот камбек на терените, а нашиот интернационалец денеска се јави и со објава на социјалните медиуми, со јавна благодарност кон оние кои му помогнаа да ја надмине најсериозната повреда во текот на кариерата.

„По 202 дена конечно можам да кажам – се вратив. Уживав во првите минути на теренот. Среќен сум што бев во можност да му помогнам на тимот да стигне до оваа голема победа. Ова траеше долго, но со многу работа и посветеност, успеавме. Благодарност до Марија Лојаница за извонредната работа во изминатите месеци. Исто така, благодарност до физиотерапевтите Немања Вучиќ и Димитар Маневски за секојдневните третмани“, напиша Манасков.

Се вчитува...