Манасков: Сега ќе биде полесно, одиме понатаму…

mec baner

Дваесетина минути им беа потребни на нашите ракометари за да влезат во својот препознатлив ритам, да создадат солидна предност и да ја совладаат селекцијата на Ангола. Ваквиот развој на настаните им овозможи на „црвено-жолтите“ да сочуваат дел од силите за понеделничкиот дуел против силната Словенија.

Имавме повторно одредени промашувања, падови на концентрација, но најважно е што се се заврши онака како што посакувавме. Се надевам дека сите тие грешки и промашувања ги оставивме зад себе, бидејќи најважните предизвици доаѓаат допрва за нас. Сега ќе биде полесно, одиме понатаму и без дополнителен притисок ќе се обидеме да оствариме уште некоја победа и да стигнеме до уште подобар пласман во групата“ – истакна Манасков.

Настапот на левото крило беше неизвесен, но Манасков сепак стисна заби и настапи на денешниот натпревар.

Голема благодарност до физиотерапевтите со кои работев напорно во изминатите 24 часа, кои завршија одлична работа и ми помогнаа да бидам во состојба да настапам денеска“ – изјави членот на Некар Левен.

Се вчитува...