Манасков: Штета за Шпанија, но утре е денот Д за нас

mec baner

Македонија и покрај одличното издание во поголемиот дел од средбата не успеа да стигне до сензација против Шпанија. Нашите ракометари делуваа разочарано во микс-зоната, но сепак се свесни дека најголемата шанса за третото место допрва им претстои – утрешната битка со селекцијата на Исланд.

Вистинската штета е што не дојдовме до подобар резултат. Одигравме многу добро прво полувреме, жалам за наивните грешки во финишот, кога имавме и играч повеќе, но примивме два гола и му овозможивме на противникот да се врати. Доколку водевме на полувреме можеби ќе беше поинаку, но за жал се случи тоа што се случи, Шпанците одиграа подобро во последните десетина минути и победија. Можеме да бидеме задоволни од играта во поголемиот дел од мечот и нема простор за преголема разочараност. Впрочем, ние и пред натпреварот бевме свесни дека дуелот со Исланд е оној клучниот, така што утре е „Денот Д“ за нас. Подготвени сме за таа средба, утре уште подетално ќе ги анализираме Исланѓаните и верувам дека на крајот ние ќе бидеме тие што ќе се радуваат“ – изјави Дејан Манасков.

Се вчитува...