Манасков: Со Веспрем до најголемиот европски трофеј

Дејан Манасков потпиша едногодишен договор со унгарскиот првак Веспрем и од следната сезона се сели во Унгарија. По едан сезона мината во редовите на германскиот шампион Рајн Некар Левен, Веспрем ќе биде нов предизвик за македонското репрезентативно крило, шанса да го докаже својот квалитет и да го оствари својот сон.

По официјализирањето на договорот со унгарскиот тим, Дејан Манасков ги изрази своето задоволство од трансферот и очекувања за следната сезона на својот фејсбук профил.

„Драги мои пријатели и поддржувачи, денеска и официјално потпишав договор со еден од најголемите европски клубови, Веспрем, кој долги години наназад има високи амбиции во секое натпреварување во кое настапува. Голема чест и задоволство ќе биде да се настапува пред најверните европски ракометни фанови и сигурен сум дека ќе ја оправдам довербата на луѓето од клубот. Се надевам дека ќе успееме да го реализираме нивниот долгогодишен сон, освојување на најголемиот европски трофеј“ – напиша Дејан Манасков.

manaskov prt

Се вчитува...