Манасков: Вардар се уште игра одличен ракомет

Вардар забележа две победи во првите две кола од Лигата на шампионите, а обидот за трет триумф во низа ќе биде на еден од најжешките терени во Европа, на гостувањето против Веспрем. Избраниците на Парондо ќе имаат тешка задача да го најдат патот до мрежата на Штербик, а за ривал ќе имаат уште еден поранешен соиграч – Дејан Манасков. Македонскиот репрезентативец го предупреди својот тим да не очекува лесна задача против македонскиот првак, без оглед на големите промени во играчкиот кадар и стручниот штаб на „вардарци“ во текот на летото.

Во минатото коло загубивме во Барселона, сега мораме да победиме дома. Ќе биде тешко бидејќи Вардар се уште игра одличен ракомет. Можеби го смени тимот, но остана стариот систем на игра што го користеше со години и што се покажа како многу успешен. Досега Вардар славеше против Монпелје и Кристијанштад, јасно е дека против себе ќе имаме силен противник, а ние мораме да бидеме подобри отколку во Барселона. Мораме да го прикажеме најдоброто од себе пред нашите верни навивачи за да победиме“ -истакнува Манасков.

Натпреварот меѓу Веспрем и Вардар на програмата е в сабота со почеток во 17.30 часот.

Се вчитува...