Манчестер Јунајтед би го добил Кулибали за 150 милиони фунти

Манчестер Јунајтед треба да подготви неверојатни 150 милиони фунти за да го купи Калиду Кулибали. Играчот на Наполи важи за еден од најдобрите дефанзивци во светот, а италијанскиит клуб ќе го продаде само за оваа огромна сума. За него интерес има и од Реал Мадрид и од Барселона.

Ако дојде до овој трансфер, Кулибали би станал третиот најскап фудбалер во светот. Рекордните 222 милиони евра во моментов ги држи Нејмар, а Ливерпул ја плати највисоката сума за одбрамбен играч кога за 75 милиони евра го купи Вирџил Ван Дајк од Саутемптон.

 

Се вчитува...