Манчестер Јунајтед го одбра наследникот на Аморим

Манчестер Јунајтед го скратил списокот на менаџери, кои би можеле да го наследат Рубен Аморим на клупата на тимот од „Олд Трафорд“. Се сведува се на едно име, за кое Манчестер можеби ќе треба да плати и отштета.

Станува збор за Оливер Гласнер, сегашниот менаџер на Кристал Палас, кој прави „џуда“ со оваа екипа, минатата сезона освојувајќи го ФА Купот и оваа сезона Лига Купот. Сепак, тој има важечки договор, и ќе мора да за него да се плаќа отштета.

Наводно тимот на Манчестер му поставил ултиматум на Аморим за следниот меч со Сандерленд. Не само што „Црвените ѓаволи“ мора да победат, туку ќе мора да прикажат и добра игра, за на Аморим да му биде дадена нова шанса. Во спротивно, ќе добие отказ многу брзо.

Во комбинација се споменуваа и Грем Потер и поранешниот англиски селектор Герет Саутгејт, но се чини дека изборот е сведен само на Гласнер.

Се вчитува...