Манчестер Јунајтед го освои првиот трофеј во сезоната

Манчестер Јунајтед се закити со првиот трофеј во сезоната освојувајќи го мини-турнирот Летна серија на Премиерлигата кој се одржа во Соединетите американски држави и на кој покрај „црвените ѓаволи“ учество земаа и Евертон, Вест Хем Јунајтед и Бормут.

Избраниците на Рубен Аморим славеа во првите два натпревари и ја потврдија првата позиција уште пред последниот натпревар против Евертон кој заврши со реми од 2-2.

Ова е првиот трофеј за Манчестер Јунајтед под водство на португалскиот стратег Рубен Аморим и воедно првиот на овој шампионат кој се одржува само втор пат. Во премиерното издание трофејот го освои Челси.

Се вчитува...