Рубен Аморим цели кон потполн ремот на Манчестер Јунајтед за што доволно говори и фактот дека „црвените ѓаволи“ ова лето веќе ангажираа четири нови ѕвездени засилувања и на „Олд Трафорд“ се очекуваат уште најмалку три до крајот на преодниот рок.
Еден од веќе ангажираните е Бенџамин Шешко, словенечкиот репрезентативец кој се очекува да биде прв избор, но и нему ќе му биде потребна замена па со таа цел Манчестер Јунајтед ќе тргне и по потписот на Доминик Калверт-Луин.
Дваесетиосумгодишникот го заврши речиси деценискиот престој во Евертон со истекот на договорот и е слободен да ја бира новата средина па за разлика од досегашните засилувања тој би пристигнал на „Олд Трафорд“ како слободен играч. Според англиските медиуми преговорите се веќе во тек со тоа што Англичанецот е расположен за преселба во славниот англиски клуб.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

