Играчкиот ремонт во Манчестер Јунајтед продолжува, а еден од оние кои релиси сигурно ќе си заминат од „Олд Трафорд“ до крајот на овој преоден рок е Расмус Хојлунд.
Данскиот голгетер е големо промашување откако пристигна за 72 милиони фунти од Аталанта, но воопшто не ги оправда очекувањата, па „црвените ѓаволи“ ќе настојуваат на негова продажба за да отворат простор во буџетот за да доведат нова „деветка“ во тимот. Последните информации од Англија говорат дека Јунајтед ја одредил и цената – спуштајќи ја на само 30 милиони фунти, се со цел да го продадат Хојлунд во перманентен трансфер, а не со позајмица.
Данецот е подготвен да си замине, но веќе ставил до знаење дека омилена дестинација би му била италијанската Серија А. Тој веќе одбил една понуда, и тоа од бундеслигашот Лајпциг кој стапил во контакт со неговиот агент во обид да го убеди да потпише за овој тим како замена за Словенецот Шешко. Одговорот на Хојлунд бил категорично негативен, јасно ставајќи до знаење дека нема намера да се пресели во Лајпциг, па останува да се види каде данскиот репрезентативец ќе заврши до крајот на овој преоден рок.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

