Манчестер Јунајтед на стадионот на Партизан се сеќава на минхенските жртви

Претставници на Манчестер јунајтед положија свежо цвеќе на стадионот на белградски Партизан, во чест на авионската несреќа од пред 61 година која се случи на фудбалерите на Манчестер Јунајтед во Минхен.

Токму во Белград, „бебињата на Бизби“ го одиграа последниот натпревар, против Црвена Ѕвезда кој заврши без победник 3-3, по кој на пат за Англија, во Минхен се случи страотната несреќа. На комеморацијата во Белград присуствуваа извршниот директор на Ед Вудворд, поранешните фудбалери и амбасадори на клубот Брајан Робсон и Мики Томас, како и амбасадорот на Велика Британија во Белград, Сиан Меклеод.

Ниту еден од моменталниот тим на Јунајтед не присуствуваше, бидејќи Оле Гунар Солскјер и момците се подготвуваат за вечерашниот меч против Партизан. Од јунајтед изразија голема благодарност до Партизан и УЕФА кои им помогнаа во организирањето на церемонијата.

Се вчитува...