Манчестер Јунајтед по Санчо носи уште едно суперзасилување на „Олд Трафорд“

Сагата околку трансферот на Џејдон Санчо во Манчестер Јунајтед и официјално заврши, а клубот од „Олд Трафорд“ не престанува тука. Имено, пред портите на Манчестер се наоѓа и репрезентативецот на Франција, Рафаел Варан.

Договорот на стоперот со Реал Мадрид истекува следната година, а Французинот нема намера да остане во главниот град на Шпанија каде е од 2011 година. 28-годишникот бара нов предизвик, а и самиот посакува трансфер во редовите на манчестерскиот клуб, кој и минатото лето го бараше во своите редови, но не успеа да се договори со Реал Мадрид.

„Кралевите“ долго време инсистираа на отштета од 70 милиони евра, но откако им стана јасно дека никој нема да плати толкава сума за играч што има само уште една година од договорот, сега Јунајтед е блиску до комплетирање на трансферот вреден 50 милиони евра.

Се вчитува...