Манчестер јунајтед подготви 80 милиони фунти за Кејн

Стратегот на Манчестер јунајтед, Жозе Мурињо го посакува напаѓачот на Тотенхем, Хари Кејн во своите редови, кој игра одлично оваа сезона. Имено, раководството на „ѓаволите“ е подготвено да понуди 80 милиони фунти за неговите услуги, иако напаѓачот пред извесно време го продолжи договорот до 2020 година.

Тоа не претставува пречка за тимот од „Олд трафорд“, кој и во минатото се поврзуваше со трансфер на овој играч. Досега немаше конкретни понуди за негов трансфер и прашање е дали раководството на Тотенхем ќе ја прифати оваа понуда на Манчестер јунајтед.

Мурињо исто така се интересира и за Антоан Гризман, францускиот ас кој следното лето речиси сигурно ќе си замине од Атлетико Мадрид.

Се вчитува...