Андре Онана не беше дел од првиот натпревар во сезоната на Манчестер Јунајтед, а и покрај тоа што тренерот Рубен Аморим во изјавата за одлуката да го остави Камерунецот на клупата му остави простор да се врати во првиот тим веќе следната недела, медиумите во Англија наговестуваат за шокантен трансфер.
Според „The Sun“, раководството на Манчестер Јунајтед сериозно размислува за нова соработка со легендарниот голман Давид де Геа кој помина 12 години на „Олд Трафорд“ од 2011 до 2023 година. Шпанецот не беше во плановите на Ерик тен Хаг па откако замина од тимот со истекот на договорот неговото место го пополни токму Онана кој не се прослави со настапите.
Де Геа во меѓувреме се врати на теренот и со успех настапува за Фиорентина со која Манчестер Јунајтед одигра пријателски натпревар пред почетокот на сезоната во кој најдобар фудбалер беше токму голманот.
Манчестер Јунајтед веќе води „дискретни позадински преговори“ за камбак на легендата, а во полза за тимот е и фактот дека во договорот со Фиорентина има клаузула која му овозможува да замине од тимот за релативно ниска сума.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

