Манчестер Јунајтед заборави што е тоа давање голови во Премиер-лигата

Манчестер Јунајтед и втор натпревар по ред одигра без голови 0-0 во Премиер-лигата, откако во меч од 29. коло ремизираше на гостински терен против Кристал Палас. Како и на дуелот со Челси и двата тима не можеа да се пофалат со убава и атрактивна игра, а фудбалот кој го играат „црвените-ѓаволи“ се повеќе личи на тој од времето кога на клупата беше Жозе Мурињо.

И покрај ремито Јунајтед останува на втората позиција на табелата со 51 бод, односно дури 14 помалку од градскиот ривал Сити. Кристал Палас е 13. со 34 бода.

 

Се вчитува...