Манчестер сити без мака до полуфинале

Манчестер сити е првиот полуфиналист во ФА Купот на Англија откако „граѓаните“ крајно рутински си ја одработеа задачата на гостувањето против Мидлсброу, триумфирајќи со 0-2. Избраниците на Пеп Гвардиола целосно го контролираа мечот откако рано поведоа, со голот на Давид Силва по само три минути игра.

Гостите не застанаа, продолжија со доминацијата создавајќи уште десетина убави шанси, од кои искористија само една, преку Серхио Агуеро откако Аргентинецот се најде на вистинското место по центаршутот на Сане.

Во вториот натпревар што е денеска на програмата Арсенал е апсолутен фаворит на домашен терен против нисколигашот Линколн.

David Silva Goal HD – Middlesbrough 0-1… by gashiylli223

Sergio Aguero Goal HD – Middlesbrough 0-2… by livescoreIn

Се вчитува...