Манчестер Сити го нуди Бернардо Силва во обидот да го купи Меси

Англискиот премиерлигаш Манчестер Сити е еден од главните фаворити за потписот на Лионел Меси, доколку аргентинскиот ас сепак на крајот одлучи и истрае во намерата да го напушти „Камп Ноу“. Раководството на „граѓаните“ и Пеп Гвардиола веќе смислија и понуда која ќе биде доставена до Барселона.

Во пакетот влегува Бернардо Силва, португалскиот играч за врска, а Манчестер Сити би понудил и сума поголема од 222 милиони евра, рекордниот трансфер што Нејмар го реализираше од Барселона во Пари Сен Жермен.

Меси и официјално поднесе барање за раскин на договорот со Барселона, а клубот смета дека нема право на тоа и заинтересираниот клуб кој ќе сака да го купи Аргентинецот ќе треба да ја плати комплетната отштетна клаузула од 700 милиони евра.

Се вчитува...