Манчестер Сити ја игнорира УЕФА: Не коментираме украдени и хакирани мејлови

Манчестер Сити одби да и даде одговор на УЕФА на прашањата околу наводното прекршување на Финансискиот фер плеј, а врз основа на обвинувањата кои произлегоа од матерјалите што ги објави „Football Leaks“. Ставот на клубот е дека нема да коментира обвинувања кои потекнуваат од „хакирани или украдени“ мејлови.

Комитетот на УЕФА задолжен за контрола на ФФП во декември минатата година му напиша писмо на англискиот шампион во кој бара објаснување на коментарот дека  обивувањата изнесени во германскиот магазин „Der Spiegel“ се „мрежа од лаги“.

Манчестер Сити одговори само дека не се занимава со објаснување на тврдења врз основа на „нелегално стекнати матерјали“ и ја предизвика УЕФА да биде поцврста во заштитата од хакирањето. Против Манчестер Сити и натаму нема покренато официјална истрага, а УЕФА и комитетот за заштита на ФФП размислуваат и дали воопшто да отворат истрага.

Се вчитува...