Манчестер Сити се поблиску до уривање на светски рекорд

Манчестер Сити синоќа триумфираше над Вулверхемштон со 4-1 во натпревар од 27. коло во англиската Премиер-лига.

За избраниците на Пеп Гвардиола ова беше неверојатна 21 победа во низа, со која остануваат со максимален учинок во 2021 година.

На „граѓаните“ им се потребни уште само три триумфи за да се изедначат со светскиот рекоред на бразилската Коритиба која славеше на 24 меча по ред во сите натпреварувања. Најтешка задача фудбалерите на Сити ќе имаат веќе викендов кога се среќаваат со градскиот ривал Манчестер Јунајтед во дерби натпреварот на 28. коло од англискиот шампионат.

Се вчитува...