Манчини избра за Македонија: Тројца екстра-напаѓачи ќе гледаат од трибините

ЕКИПА во Палермо,

Владимир Булатовиќ

 

Италијанскиот селектор Роберто Манчини го објави скратениот список од 23 фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап на вечерашниот бараж-дуел со Македонија.

Во однос на поширокиот список и оние кои ги одработеа неколкуте тренинзи во изминатите денови, Манчини избриша неколку фудбалери кои се стандардни во своите клубови. Од комбинација отпаднаа тројца одлични офанзивни играчи, и тоа Скамака од Сасуоло, Заниоло од Рома и Белоти од Торино, но „аѕурите“ се уште имаат одличен напад предводен од Имобиле, Инсиње и Берарди, додека шанса од клупата ќе чекаат Жоао Педро, Политано и Расападори.

Џорџо Кјелини се најде на скратениот список, но Манчини непосредно пред мечот ќе одлучи дали ветеранот ќе настапи крај Бастони во срцето на одбраната на „аѕурите“. Доколку тоа не се случи, партнер на Бастони ќе биде еден од римските дефанзивци, Манчини од Рома или Ачерби од Лацио.

Ова е списокот на 23-те фудбалери кои ќе бидат во комбинација за настап против Македонија:

ГОЛМАНИ: Крањо (Калјари), Сиригу (Џенова), Донарума (ПСЖ).

ОДБРАНА: Ачерби (Лацио), Бастони (Интер), Кјелини (Јувентус), Де Шилјо (Јувентус), Палмиери (Лион), Флоренци (Милан), Манчини (Рома).

СРЕДЕН РЕД: Барела (Интер), Кристанте (Рома), Жоржињо (Челси), Пелегрини (Рома), Песина (Аталанта), Верати (ПСЖ), Тонали (Милан).

НАПАД: Берарди (Сасуоло), Имобиле (Лацио), Инсиње (Наполи), Жоао Педро (Калјари), Политано (Наполи), Распадори (Сасуоло).

Се вчитува...