Манчини: Нема фаворити во баражот, ако утре има пенал ќе го шутира Жоргињо

Фудбалската репрезентација на Македонија утре на „Ренцо Барбера“ во Палермо ќе го одигра историскиот натпревар против Италија во баражот за пласман на Светското првенство кое на крајот на годинава ќе се игра во Катар.

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини вели дека нема фаворити во плеј-офот и дека буквално секоја репрезентација може да се пласира на мундијалот во Катар.

„Имавме само половина ден да се подготвиме, но ќе направиме се за да го добиеме мечот. Сепак, Македонија има искусни играчи и одлични фудбалери и верувам дека ќе направат се за да го добијат овој меч. Нема фаворити во овој плеј-оф и секоја репрезентација може да се пласира на мундијалот во Катар. Иако промаши пенал Жоргињо против Швајцарија, дефинитивно ако има утре пенал тој ќе биде изведувачот. Македонија е одлична репрезентација која ја победи и Германија и воопшто нема да биде лесно“, изјави Манчини. 

Натпреварот меѓу Италија и Македонија кој ќе се игра на „Енцо Барбера“ во Палермо е закажан за утре со почеток во 20.45 часот.

Се вчитува...