Манчини: Ова ми е најголемо разочарување во кариерата

ЕКИПА во Палермо, Италија

Владимир Булатовиќ

Италијанскиот селектор Роберто Манчини шокиран пристигна на прес-конференцијата на стадионот „Ренцо Барбера“, по неверојатниот пораз на „аѕурите“ од репрезентацијата на Македонија.

„Не знам што да кажам, ова е многу повеќе од разочарување, вечерва се случи нешто неверојатно. Заслуживме да победиме, да бидеме на СП, но среќата денеска не беше на наша страна. Многу ми е жал за играчите, кои се во шок во соблекувалната. Освојувањето на ЕВРО 2020 ми беше врв на кариерата, но ова денеска без конкуренција ми е најголемото разочарување“, истакна Манчини.

Дел од јавноста веднаш побара и оставка од селекторот, но тој одби да даде конкретен коментар околу својата иднина.

„Сега не е момент да се зборува за мојата иднина, бидејќи разочарувањето е преголемо. Сите сме во шок, има време кога ќе се размислува и ќе се дискутира на оваа тема. Во едно сум сигурен, пред оваа генерација на италијанската репрезентација е светла иднина“, изјави кормиларот на „аѕурите“.

Се вчитува...