Манчини: Постојат многу поважни работи од ЕВРО 2020

Селекторот на фудбалската репрезентација на Италија, Роберто Манчини верува дека „Аѕурите“ можат да го освојат Европското првенство и во случај турнирот да биде одложен за следната година поради пандемијата од коронавирусот. Италијанците беа одлични во квалификациите, а на Европското првенство ќе играат во групата А со селекциите на Турција, Швајцарија и Велс.

„Не знам како ќе заврши се. Без сомневање има многу поважни работи од Европското првенство. Дури и ако се одложи турнирот, ние можеме да го освоиме следната година. Сега е најбитно здравјето на сите и што побрзо да се вратиме на терените“, изјави Манчини. 

УЕФА за вторник закажа состанок со сите свои членки на кој ќе се одлучи судбината на Европското првенство.

Се вчитува...