Манчини предизвика „бура“ во италијанската јавност, па се извинуваше (ФОТО)

Италијанскиот селектор Роберто Манчини се една непромислена објава на Инстаграм предизвика бура во италијанската јавност. Па, потоа се извинуваше.

Манчини објави фотографија на тема коронавирус, чија пандемија во Италија деновиве е дополнително засилена. Италија повторно е една од најпогодените земји во светот. А, на спорната фотографија која Манчини ја објави се гледаат пациент му објаснува на доктор дека се заразил од коронавирус гледајќи вести на телевизија.

Сето тоа наиде на бурни реакции во италијанската јавност.

„Едноставно ја поделив фотографијата за која се чини дека ја олеснува драмата од еден сложен момент. Тоа е се. Нема некоја темелна порака ниту намера да се покаже недостаток почит кон оние кои се болни или починати од Ковид-19. Ако така испадна, се извинувам“ – напиша Манчини потоа како извинување за споделената фотографија.

Се вчитува...